Емотивно беше враќањето на фудбалот во Турција (Видео)

Фенербахче убедливо со 4:0 славеше над Коњаспор во првиот меч од турската Суперлига, што се одигра по разорниот земјотрес кој беше пред речиси 20 дена. На стадионот на турскиот гигант, навивачите пред мечот фрлаа шалови во знак на почит на сите оние кои загинаа во земјотресот.

Енер Валенсија беше стрелец на првиот гол и тоа од пенал во 13 минута, а веднаш потоа фудбалерите на Фенербахче на теренот развиорија транспарент на кој пишиваше „Нашиот живот е Турција.“

https://twitter.com/i/status/1629518652327297025

- Оглас -

Најнови вести