Екипата на Железничар од Панчево, после победата на гостувањето кај Графичар од Белград во меч од првата лига на Србија (втора по квалитет зад Суперлигата), во соблекувалната прославуваше пеејќи го хитот „Јутро је“ од Нада Топчагиќ, која е омилена песна и на Златан Ибрахимовиќ.
Снимката дојде и до пејачката, па таа јавно им ја честиташе победата и им вети дека ако влезат во Суперлигата, лично ќе дојде во Панчево, и заедно ќе ја запеат нејзината песна.
Железничар е на второ место на табелата зад ИМТ, а Графичар е трети.
Погледнете како играчите на Жељо од Панчево славеа триумф над ривалот Графичар: