Машката кошаркарска репрезентација вечерва од 18 часот (предвиден е пренос на Спортклуб 2) во Осло против Норвешка, го игра последниот натпревар од вториот претквалификациски круг за пласман на Евробаскетот 2025 година.
Норвешка е тим кој во ноември во Гевгелија го совладавме со 58-36, на таа средба Норвежаните не дадоа ниту една тројка, па иако немаат шанса да бидат пред Македонија на табелата, вечерва нема да излезат со бело знаме.
Нашите кошаркари со победа сигурно одат во квалификациите за Еврпбаскетот 2025, а и со пораз ќе бидеме први, ако претходно од 15.30 часот, Словачка загуби од Данска. Има и трета опција, која е најнепоскаувана, ние да загибиме, а Словачка да победи, тогаш сме втори, но и тогаш шансите за место на ЕП не се загубени, но ќе треба да играме нови баражи и мечеви за место во главните квалификации.
Селекторот Александар Јончевски е задоволен што сме во позиција да не зависиме од другиот резултат во групата.
„Најважно е дека сепак се зависи само и исклучиво од нас. Сами си ја кроиме својата судбина“ – вели Јончевски пред мечот во Арената „Нордстранд“ во Осло.