Стадионот на Партизан во Белград е покриен со снег, па денешниот меч од српската Суперлига помеѓу Црно-белите и Раднички Крагујевац е презакажан за утре во 14 часот.
Снегот кој падна во Белград, предизвика проблеми кај нашите северни соседи, и беше причина што нема услови за играње фудбал. За Партизан ова не е баш поволна ситуација, бидејќи во следното коло играат дерби со Црвена ѕвезда, па ќе имаат еден де помалку за подготовка.
Навивачите критикуваат што поради малку снег (покривката е 3-4 сантиметри) мора да се одложуваат мечеви, особено што под теренот на стадионот на Партизан има и греење.