Јончевски: Не не обесхрабри поразот од Словачка, сакавме сами да си ја завршиме работата

Кошаркарската репрезентација на Македонија со убедливата победа од 79:41 над Норвешка го завери првото место во групата Д во претквалификациите за пласман Евробаскетот 2025.

По победата на Словачка над Данска, на избраниците на селекторот Александар Јончевски, во последното коло им беше потребна победа над Норвешка за да го заверат првото место, и кошаркарите „испитот“ го положија со десетка, славеа со убедливи 38 поени разлика и си обезбедија пласман во главните квалификации за Европското првенство што ќе се игра 2025 година.

Селекторот Александар Јончевски, е презадоволен од играѕа што ја прикажаа неговите избраници против Норвешка.

„Морам да напоменам дека нашиот состанок пред овој меч почна додека Данска водеше со шест поени. Но, реков дека тоа нас воопшто нас нè не интересира и дека сакаме самите да си ја завршиме работата. Сакавме да ја повториме добрата игра против Норвешка што ја прикажавме на мечот во Гевгелија. Не бевме обесхрабрени по поразот од Словачка, пред сè затоа што и на тој меч одигравме добро, креиравме доста отворени шутеви, кои за жал не ги погодивме. Од друга страна, тие погодија доста потешки шутеви за три поени, и победија.
Мотивацијата за денешниот дуел беше на ниво, без оглед на тоа што притисокот дополнително се зголеми со драматичната победа на Словачка во Данска. Секако, одговоривме на поставените задачи, посебно во одбрана, би се рекло, и скоро идентично, повторено издание како пред некој месец во Гевгелија“, вели Јончевски..

Се чини дека, за разлика од пред некоја вечер, во Осло многу дилеми симна нашето одлично отворање на средбата со Норвешка.

„Мислам дека е така. Практично од првата топка, отворивме одлично и потоа полека, како поминуваше времето, само ја зголемувавме разликата, и ја „билдавме“ самодвербата, а со тоа полесно го донесовме натпреварот до самиот крај. Сакам да им упатам честитки на сите играчи кои дојдоа, кои влегоа во игра, што дадоа сè од себе, играа на високо ниво без разлика на водството од 30 поени“, вели Јончевски.

- Оглас -

Најнови вести