Србија го фати последниот воз, ќе игра на Мундобаскетот

Кошаркарската репрезентација на Србија со победата над Велика Британија од 101:83 во последното квалификациско коло обезбеди пласман на Светското првенство што од 25 август до 10 септември ќе се одржи во Јапонија, Индонезија и Филипини.

Србија со поразот од Грција во претпоследното квалификациско коло се доведе во позиција да мора да слави вечерва и испитот го положи со чиста десетка.

Во салата „Александар Николиќ“, Србија славеше со 101:83 и заедно со Летонија и Грција обезбеди пласман на Мундобаскетот од групата И.

Србите победата ја најавија уште во првата четвртина која ја добија со 28:20, а одлучувачката предност ја создадоа во третата четвртина, кога поведоа со 74:60.
Алекса Аврамовиќ со 20 поени беше најдобар кај Србија, Митровиќ даде 15, додека кај противникот, Квин Елис постигна 22 поени.

Европски репрезентации кои обезбедија пласман на Мундобаскетот се Летонија, Србија, Грција, Германија, Финска, Словенија, Франција, Литванија, Црна Гора, Шпанија, Италија и Грузија.

- Оглас -

Најнови вести