Навивачите на белградскиот Партизан во голем број го бодрат својот миленик на дуелот против Вардар 1861 од СЕХА-лигата, а на делот каде што се Гробарите има истакнато грчко знаме.
Навивачката група на Партизан е збратимена со онаа на солунскиот ПАОК, можеби на трибината има и Грци, кои можеби мислат дека ќе испровоцираат некого ако го истакнат знамето на нашиот јужен сосед.
Но, ова не е првпат српски навивачи да вадат грчки знамиња на мечеви против македонски екипи и репрезентации.