Ѓоковиќ: Дефинитивно би купил билет за финалето во Мелбурн

Новак Ѓоковиќ го памети финалето на Отвореното првенство на Австралија против Рафаел Надал, одигран на 29-ти јануари 2012 година на централниот терен на тенискиот комплекс во Мелбурн, и има интересна изјава пред новиот меч за титула против Шпанецот.

„Се сеќавам на тоа финале. Едно од најдобрите во мојата кариера. Дефинитивно и сега би купил билет за финалето“, малку и на шега изјави Ѓоковиќ.

Денеска претпладне тој го декласира Лука Пуи со 3:0 и си закажа нов меч со Надал. Досега ги имаат 52, Србинот води со 27:25, а ривалството според бројот на меѓусебни дуели е најголемо во историјата на тенисот.

Единственото финале што досега го одиграа во Мелбурн, во 2012 година, по големата битка и епскиот меч го доби Ѓоковиќ со 3:2 во сетови.

Во недела, во 9.30 часот повторно двајцата најдоброрангирани светски тенисери во моментов ќе бијат битка за пехарот на Отвореното првенство на Австралија. Ѓоковиќ има вкупно 7 во Мелбурн и 14 на сите четири гренд слем турнири, а Надал е со еден пехар на Отвореното првенство на Австралија и има вкупно 17 на сите гренд слемови.

- Оглас -

Најнови вести