Тренерот на Барселона, Чави Ернандес, беше презадоволен од победата на „Сантијаго Бернабеу“ против Реал Мадрид, но предупреди дека уште ништо не е готово и дека во реваншот мора да се одигра уште еднаш на перфектен начин за да се стигне до финалето на Купот на Шпанија. Чави објасни зошто Барселона имала толку мал посед на топката, но најважно му е што одбраната била перфектна.
„Резултатот е многу позитивен за нас, но останува уште еден цел меч. Задоволен сум од тоа што денеска го одработивме и начинот на којшто ги минимизиравме нападите на Реал Мадрид. Невозможно е да им се одземе топката на Лука Модриќ и Тони Крос, па затоа моравме да се браниме. Тие немаа чиста шанса до 89-тата минута. Многу сум задоволен од резултатот, а што се однесува до играта, можевме да постигнеме уште некој гол“, рече Чави, кој додаде дека уште ништо не е решено и дека Реал Мадрид има силен тим, кој уште е претендент за освојување на Кралскиот клуб, и затоа Барселона мора да одигра многу внимателно и на 5 април.