Семејството на Сала, но и многу фудбалери со молба: Продолжете да го барате Емилијано!

Да се реактивира потрагата по исчезнатиот авион во кој беше фудбалерот Емилијано Сала бара семејството на Аргентинецот, но и поголем дел од фудбалскиот свет. Гонзало Игуаин, кој пред неколку дена стана нов играч на Челзи, сними дури и видеопорака во која бара спасителите и полицијата да ја продолжат потрагата по Сала. Освен Игуаин, тоа го велат и Матуиди, Менди…

„Да се обединиме и да продолжи потрагата по Емилијано Сала, заради него и заради неговото семејство. #PrayForSala“ е пораката која кружи низ социјалните мрежи. Голманот на ПСЖ, Џиџи Буфон испрати фотографија на која го држи дресот со бројот 9 на Сала.

Ромина Сала, која е сестра на исчезнатиот Емилијано, отпатува во Велика Британија и тврди дека нејзиниот брат уште е жив. „Длабоко во себе чувствувам дека Емилијано е жив. Ве молам, немојте да ја прекинете потрагата. Знам дека е комплицирано, но ве молам, немојте да се откажувате. За нас, тие сè уште се живи“, рече Ромина.

Полицијата и спасувачките екипи синоќа најавија дека ја прекинуваат потрагата по авионот во кој биле Сала и пилотот со образложение дека веќе не постои шанси да има преживеани во несреќата. Засега не е пронајден ниту авионот кој исчезна, па затоа семејството, но и многумина од фудбалерите веруваат дека потрагата треба да продолжи.

- Оглас -

Најнови вести