Мегаѕвездата на Барселона, Лионел Меси, вчера одби да му подаде рака на главниот арбитер Хил Мансано по мечот против Жирона, во кој Каталонците ремизираа со 2-2. Аргентинецот беше незадовлен од начинот на којшто судијата ја делеше правдата на мечот, особено за црвениот картон кој му го додели на Ленгле во првото полувреме.
Мансано со помош на технологијата ВАР одлучи дека Ленгле намерно го удрил противничкиот играч со лакотот, по што беше спречена шанса за гол на гостите, па судијата директно го исклучи францускиот дефанзивец од мечот.
Во текот на второто полувреме, Меси се бунеше и на одлуките на Мансано да не досуди фаул во корист на Каталонците во неколку наврати, непосредно пред шестнаесетникот на Жирона.
Фрустрацијата на Меси не е случајна, од шпанскиот спортски медиум „Мундо депортиво“ велат дека Мансано во минатото неколку пати намерно судел против Барса, а на мечевите на Реал Мадрид каде што ја делел правдата немал ист критериум за судење.
Leo Messi refused to shake referee, Gil Manzano's hand after Barcelona's 2-2 draw vs Girona. The forward wasn't happy with the way the referee officiated the match and sent off Clément Lenglet. pic.twitter.com/YJ78abofhw
— Nitwik Football (@NitwikFootball) September 24, 2018