Спектакуларно шоу во Париз во чест на Мбапе, а тој му се закани на Баерн Минхен (Видео)

Килијан Мбапе синоќа стана прв стрелец во клупската историја на Пари Сен Жермен, има дадено 201 гол во дресот на Светците, надминувајќи ја 200-ката на Единсон Кавани кој имаше и 54 меча повеќе од Мбапе.

По тој повод, ПСЖ направи огромна фешта на „Паркот на принцовите“.

Мбапе кој има 24 години и 201 голови даде на 247 меча за ПСЖ, веќе е фокусиран на реванш дуелот со Баерн од ЛШ, в среда во Минхен.

„Подготвени сме за предизвикот кој е пред нас, мечот со Баерн. Одлучни сме, имаме голема самодоверба, одиме по победа“ – изјави Мбапе, кој не верува дека мечот со Баварците ќе има влијание врз неговата иднина во парискиот клуб.

Мбапе беше прашан дали неговите голови за ПСЖ број 202, 203 и 204 ги чува за дуелот со Баерн, Килијан одговори: „Да, можеби и повеќе од тоа. Ќе се обидеме

Погледнете како изгледаше шоуто посветено на Мбапе:

https://twitter.com/i/status/1632174813069426688

- Оглас -

Најнови вести