За Барселона ова беше историска победа, постигнаа нешто што не им успеало во 124-годишното постоење

Барселона граби кон титулата во Примера дивисион и тоа со резултати кои се најслатки кога се работи за освојување на три бода. Каталонскиот гигант на „Камп Ноу“ славеше со 1:0 против Валенсија, благодарение на голот на Рафиња, кој може да го видите ТУКА.

Оваа победа на Барселона е историска, затоа што клубот за прв пат во една сезона успеа да стигне до осум трумфи во првенството со резултат од 1:0. Никогаш претходно во 12 годишната историја, Барселона немала осум победи во една сезона, а сега тоа им успеа во само 24 кола, што значи дека секој трет дуел завршува со овој резултат.

Ако продолжи Барселона со овој стил на игра, нема да биде чудно ако до крајот на сезоната, односно во следните 14 кола, барем уште два пати да победи со 1:0 и да стигне до двоцифрен број на победи со минимален триумф.

- Оглас -

Најнови вести