Тренерот на Јирген Клоп конечно имаше причини за голема радост и задоволство од играта на неговите фудбалери. Ливерпул стигна до историска победа од 7:0 против Манчестер јунајтед, а германскиот стратег вели дека најважно е дека неговиот тим покажал дека уште е во трка за висок пласман.
„Немам зборови. Ова беше спектакуларен меч, неверојатен. Го одигравме нашиот најдобар меч и тоа против тим кој е во добра форма“, рече Клоп, кој потоа даде анализа на тоа што се случи во второто полувреме кога неговите фудбалери постигнаа шест гола.
„Почетокот на второто полувреме беше прилично добро, а таков беше и финишот. Тоа е фудбал, се може да се случи. Ова ни беше потребно, да се насочиме во вистинската патека. Сите знаат дека сме уште тука. Не беше така пред некое време, но ова покажува дека можеме и треба да се бориме“, коментираше Клоп по спектакуларниот триумф над Манчестер јунајтед.