Францускиот фудбалер Флорентен Погба, кој е брат на Пол Погба од Манчестер јунајтед, изјави дека постојат само три клуба во кои Пол би можел да напредува, а опцијата за премин во едниот од тие три, ја исклучува целосно.
„Заминувањето на Мурињо беше клучно за брат ми. Тој не беше среќен, се гледаше тоа. Сега со Солскјер е многу подобро, се знаат уште од младинскиот тим. Ние фамилијарно навиваме за Барселона, ни се допаѓа стилот на игра. Додека беше Зидан тренер, можеше да прејде во Реал, но срцето му беше во Англија. Ако Пол си оди од Манчестер јунајтед, може да прејде само во Манчестер сити, Реал Мадрид или Барселона. Мислам дека во Сити не би играл, значи останува само Шпанија“ – вели Флорентен, кој би можел за заигра за шпанскиот второлигаш Елче.
Погба ги има одбиено шпанските гиганти и прашање е колку време треба да помине пред тие повторно да му испратат понуда, па најреално е тој да остане кај „црвените ѓаволи“.