Француската ѕвезда сјае силно, Мбапе стана шести спортист со над 100 милиони следбеници на „Инстаграм“

Францускиот фудбалер Килијан Мбапе стана шестиот спортист кој има повеќе од 100 милиони следбеници на „Инстаграм“.

Напаѓачот на Пари Сен Жермен и на француската селекција ја надмина бројката од 100 милиони свои следбеници на оваа социјална мрежа и стана вкупно 30-тата личност со таква бројка на фанови, а шести меѓу спортистите.

Од спортистите, пред Мбапе се само фудбалерите Кристијано Роналдо (556 милиони), Лионел Меси (437 милиони), индискиот крикет играч Вират Коли (239 милиони), фудбалерот Нејмар (205 милиони) и кошаркарот Леброн Џејмс (147 милиони).

Меси, Нејмар и Мбапе се тимски колеги во ПСЖ, па овој клуб може да се пофали дека има тројца од четворицата најпопуларни фудбалери на светот.

- Оглас -

Најнови вести