Фановите сè уште тераат мајтап со Манчестер јунајтед во дебаклот на „Енфилд“ (Фото и Видео)

Најголемото англиско дерби меѓу Ливерпул и Манчестер јунајтед кое се играше вчера на „Енфилд“ заврши со неверојатни 7:0 за тимот на Јирген Клоп.

Ова е најголем пораз за Манчестер јунајтед во досегашните меѓусебни дуели со Ливерпул, а фудбалските фанови го искористија дебаклот за да тераат мајтап со Црвените ѓаволи на социјалните мрежи каде се е во знакот на „седумката“.

 

Така менаџерот на Манчестер јунајтед, Ерик тен Хаг, денеска доби ново презиме и сега е Ерик „севен“ Хаг. Омилен пијалок на фудбалерите и на навивачите на Ливерпул од денеска е „севен ап“, кој е „новиот спонзор“ на Јунајтед.

 

Фановите не пропуштија да го искористат популарниот Мистер Бин како дел од мајтапот со навивачите на Јунајтед.

 

Шлаг на тортата е спикерот од Гана:

 

- Оглас -

Најнови вести