Без Нејмар во тимот, ПСЖ има поголеми шанси да го победи Баерн

Поранешниот фудбалер на Баерн Минхен и на француската репрезентација, Биксенте Лизаразу, смета дека ПСЖ ќе има поголеми шанси на утрешниот натпревар бидејќи во тимот ќе го нема Нејмар.

ПСЖ загуби на првиот осминафинален натпревар во Лигата на шампионите со 0:1 од Баерн, а утрешниот реванш нема да може да смета на Нејмар за кого сезоната заврши, но затоа тука ќе биде Килијан Мбапе.

„Кога тројца великани како Меси, Нејмар и Мбапе играат заедно, тие често не се враќаат во одбрана и тоа ги става под притисок останатите фудбалери во нивните дефанзивни задачи. Само со Меси и Мбапе во тимот против Баерн, ПСЖ ќе има подобар баланс како тим и играчите од средниот ред ќе трчаат помалку и комплетниот тим ќе биде посвеж“, вели Лизаразу.

- Оглас -

Најнови вести