Касерес по третпат во дресот на Јувентус

Лацио ја прифати понудата од Јувентус за дефанзивецот Мартин Касерес во вредност од 700.000 евра. Искусниот уругвајски дефанзивец по третпат во својата кариера ќе го носи црно-белиот дрес, откако претходно за италијанскиот првак настапуваше во сезоната 2009/10, како и од 2012 до 2016 година.

Се очекува Касерес денес, најдоцна до утре, да ги комплетира медицинските прегледи и да потпише договор според кој ќе остане на „Алијанц“ стадионот до крајот на оваа сезона.

„Старата дама“ се одлучи за ваков, штедлив потег бидејќи на лето се подготвуваат за трошење на голем дел од средствата наменети за трансфери за долгорочно дефанзивно засилување, а први на листата се Матијас Де Лихт од Ајакс и Рубен Дијас од Бенфика.

Улогата на Касерес ќе биде бек-ап опција за Бонучи и Кјелини,  а принудно може да игра и на десната бековска позиција. Доаѓањето на Касерес значи дека Јувентус до крајот на овој преоден рок ќе се ослободи од Меди Бенатија.

- Оглас -

Најнови вести