Два месеци затворска казна доби хулиганот кој го нападна голманот на Севилја, Марко Дмитровиќ за време на мечот во Ајндховен против ПСВ, во рамките од Лигата на Европа, пренесува Асошиејтед Прес. Севилја го елиминираше холандскиот тим, а пред крајот на средбата кога беше јасно кој ќе се радува на крајот, на теренот се појави хулиган кој го нападна Дмитровиќ.
Голманот на Севилја брзо реагираше и успеа да го совлада напаѓачот, кој подоцна беше изнесен од теренот со помош на редарите. УЕФА отвори дисциплинска постапка против ПСВ и сега се чека која казна ќе ја добие холандскиот тим поради овој испад на нивниот симпатизер.
desde cuándo dmitrovic es luchador de la UFC? pic.twitter.com/b7jZEeQ19K
— Marçao (@txeira_marcao) February 23, 2023