Ќерка на бивш Црвен, добитна на тикет на кој уплатила победа на Ливерпул над Јунајтед од 6-0! (Фото)

Стејси Еванс, која е ќерка на некогашниот фудбалер и тренер на Ливерпул, Рој Еванс, имаше огромна доверба во составот на Јирген Клоп, и уплатила 5 фунти дека Црвените на „Енфилд“ ќе го совладаат Манчестер јунајтед со 6-0.

Мечот заврши со неверојатни 7-0, а Стејси иако не го погоди конечниот резултат, сепак е добитна и подигнала 1.350 фунти.

„Финтата“ е што при резултат 6-0, добила опција „кеш аут“, и решила да ја искористи. Само 30 секунди подоцна, Фирмино даде гол за 7-0, па ако среќната Стејси почекала малку, ќе останела недобитна.

- Оглас -

Најнови вести