Рома со 2-0 го победи Реал Сосиедад, а тренерот на Волчицата, Жозе Мурињо, жали што на клупата за резерви немал повеќе опции за освежување на нападот, бидејќи така можеби ќе дале и трети гол.
„Имав само еден напаѓач на клупата и морав да се снаоѓам со тактичката поставеност во таква ситуација. Баерн на мечот против ПСЖ на клупа ги имаше Гнабри, Мане и Сане. И еден од нив ќе ми беше доволен за да го заменам Дибала со друг напаѓач, и можеби да дадеме уште еден гол“ – рече Мурињо.