Синоќа не се смени ништо, главни фаворити за титула во Лига Европа останаа истите три тима!

Синоќешните први осминафинални двобои од Лига Европа, не сменија ништо во однос на распоредот на топ фаворитите за освојување на трофејот во ова натпреварување.

Според квотите во Sport Life, и понатаму прв кандидат за освојување на ЛЕ е Манчестер јунајтед, втор е Арсенал, а трети Јувентус.

Манчестер убедливо со 4-1 го победи Бетис, и го има четвртфиналето в џеб, а Арсенал кој ремизираше 2-2 во Лисабон против Спортинг, и Јувентус кој дома славеше 1-0 над Фрајбург, ќе мора и на реваншот да одиграат добро за да одат понатаму.

За сите останати клубови, квотите се двоцифрени, тимови кои може да изненадат се Рома, Севилја, Унион Берлин и Баер Леверкузен, а би било чудо ако пехарот го крене некој друг.

 

- Оглас -

Најнови вести