Дебрецин триумфираше со 1-0 на гостувањето кај Кишварда во дерби меч од унгарскиот шампионат, а стрелец на единствениот гол беше Дориан Бабунски во 48-ма минута.
За Бабунски, ова е десетти гол сезонава, со што тој е на делба на третото место на листата на стрелци во лигата.
За Кишварда играше Марио Илиевски кој влезе во 71-ва минута, но не се начекаа заедно на терен со Бабунски, бидејќи стрелецот на голот излезе во 67-ма минута. Со оваа победа, Дебрецин го прескокна Кишварда, па сега Дебрецин е трети на табелата, а Кишварда е четврти.