Баерн Минхен има убедливи 4-1 по првото полувреме против Аугсбург во баварското дерби, а гостите водеа со 1-0, по што првакот се налути и почна да гази.
Бекот Жоао Кансело го постигна својот прв погодок во дресот на германскиот гигант, откако убаво го издрибла својот чувар пред да го совлада голманот со силен и прецизен шут. Голеадата ја дополнија Бенжамен Павар кој првпат даде два гола на еден меч, и Лирој Сане.
https://twitter.com/i/status/1634567976413466624