Во Прва лига „мириса“ на четири победи на домаќините, лидерот игра против екипата што не ја победи пред две недели

Четири меча од Прва фудбалска лига се играат денеска од 14 часот, а според паровите, домаќинтие се фаворити за победа. Лидерот Струга Трим Лум на свој терен игра против Македонија Ѓорче Петров, ривал против кој пред две недели во Струга одигра без голови. На тој дуел, Струга промаши два пенали, што значи дека сега домаќините имаат дополнителен мотив да се корегираат и да ги освојат трите бода.

Шкендија е домаќин на Академија Пандев, а интересно е дека тетовци имаат само една победа во последните пет дуели со овој ривал. Шкендија сезонава има дури шест нерешени во 10 дуели на домашен терен, но сега сигурно ќе атакува на трите бода.

Во скопската пресметка, Шкупи е домаќин на Работнички. Чаирчани влегоа во некоја мминикриза и на последните три среби освоија само еден бод. Сепак кога се работи за дуели против Работнички, доминира Шкупи со шест триумфи по ред.

Од сите денешни меча, најсигурен „кец“ треба да биде на дуелот Брегалница и Победа.

- Оглас -

Најнови вести