Трагедија во Германија: Во сообраќајна несреќа загинаа четворица членови на фудбалски нисколигаш

Во стравична сообраќајна несреќа која се случи во близина на Карлсруе, загинаа пет лица, од кои дури четворица се членови фудбалери на нисколигашот Алеманија Егештајн.

Сите загинати имаат помеѓу 25 и 29 години, а меѓу нив се двајца актуелни фудбалери на Алеманија Егештајн, еден поранешен фудбалер и физиотерапевтката на клубот.

„Алеманија Егештајн е тешко погодена од загубата на активните фудбалери Дани Цимерер и Тим Палушка, физиотерапевтката Леони Буркарт и поранешниот фудбалер Филип Домер. Сите четворица прерано не напуштија во трагична несреќа. Многу ќе ни недостасуваат. Изразуваме длабоко сочувство до родителите, семејствата и пријателите во овие тешки моменти“, објави германскиот клуб на својата официјална интернет страница.

Несреќата се случила кога возилото во кое биле четворицата членови на Алеманија Егештајн удрило во такси возило. Петтата жртва е патник во такси возилото, додека возачот и уште еден патни се тешко повредени.

 

- Оглас -

Најнови вести