Тренерот на Барселона, Чави Ернандес, е шокиран од однесувањето на навивачите на Атлетик Билбао за време на вчерашното дерби кое им припадна на каталонците со 1:0.
Главна тема во шпанските медиуми е скандалот на Барселона и аферата Негреира и подмитувањето на судии, а тоа го искористија навивачите на Атлетик Билбао, да упатат провокација за каталонскиот тим.
Во, 30-та минута, сите навивачи на стадионот „Сан Мамеш“ станаа на нозе и на теренот фрлија испечатени банкноти и картони со грбот на Барселона, со симболот на долар и на кои пишуваше „Мафија“.
Athletic Bilbao fans threw fake money on the pitch against Barcelona in protest of their opponent's corruption charges. pic.twitter.com/eOGN4woyZB
— B/R Football (@brfootball) March 12, 2023
https://twitter.com/samstreetwrites/status/1635018863514644480?s=20
„Изненаден сум од непријателската атмосфера на „Сан Мамеш“, и тоа ме растажува. Не е добро за заедницата, некој однапред да биде осуден. Сите се слободни, додека не се докаже вината. Ние сме професионалци и се фокусираме на теренот и на фудбалот“, изјави Чави.