Францускиот новинар Роман Молина, открива дека неименуван фудбалер на ПСЖ, два дена пред реванш натпреварот против Баерн во осминафиналето од ЛШ, „затворил“ ноќен клуб во Париз.
Тој клубот го напуштил во 6 часот наутро и според изворите на новинарот, бил во алкохолизирана состојба. Но, и покрај тоа, бил дел од првиот тим на ПСЖ во реваншот против Баерн. Наводно и тренерот Кристоф Галтие знаел за авантурата на својот фудбалер, но не го казнил играчот.
„Фудбалер кој бил стартер на „Алијанц арената“ бил пијан во понеделникот утрото кога го напуштил ноќниот клуб во 6 часот наутро, а истото се случило и пред два дена“, тврди Молина.
Француските медиуми се обидуваат да откријат кој бил фудбалерот, и отпишаа само двајца фудбалери, Лионел Меси кој води мирен семеен живот без ноќни авантури и Нејмар кој иако е љубител на ноќниот живот, во тоа време бил во Катар на операција.