Фудбалерот на ПСЖ, Нејмар, сака кариерата да ја заврши на „Паркот на принцевите“, тврди новинарот на „Атлетик“, Дејвид Орнштајн. Новинарот пишува дека Нејмар одлучил да го одработи договор со ПСЖ до крајот, до 2027 година.
Последните неколку месеци, медиумите шпекулираа дека Нејмар налето ќе си замине од ПСЖ, дека челниците на клубот сакаат да го продадат, дека Бразилецот одлучил да си оди, но сега ситуацијата се променила.
Оваа вест сигурно нема да им се допадне на навивачите на Светците кои подолго време се во војна со Нејмар.
Бразилецот е свесен дека во ниту еден друг клуб нема да може да добие плата каква што ја има во ПСЖ (околу 33 милиони евра), а исто така сака да им докаже на сопствениците на клубот дека проектот кој започна со него е успешен и ќе успее да триумфира во ЛШ.
Нејмар во ПСЖ пристигна од Барселона во 2017 година за 222 милиони евра, што сè уште претставува рекорден фудбалски трансфер. Со Светците освои четири титули во Лига 1, но не успеа да триумфира во ЛШ поради што и беше донесен на „Паркот на принцевите“.