Обложувачите се покажаа на дело и овој викенд, со мала уплата до ќар од 1.500 евра 

Играчите во Sport Life и изминатиов викенд беа расположени за освојување големи добивки.

СО ПАМЕТНА ИГРА И ДВОЗНАЦИ ДО УБАВА ДОБИВКА

Играч од Неготино само со 50 вложени денари си заработи 115.655 денари бруто-добивка. На овој тикет се погодени девет натпревари, а тактиката е да се игра на голови и на двознак.

Одиграни се девет натпревари 1Х или х2 и притоа да има од два го четири гола на секој натпревари со примамливи квоти, најмалата беше 2,14, а најголемата 2,55.
Тикетот започна со дуелот од чешката лига меѓу Јихлава и Карвина кој заврши 2:2, а гостинот до бод дојде до гол во 79-та минута преку Будински.

Идентичен резултат имаше и на дуелот меѓу Нант и Ница каде домаќинот не смееше да загуби. Нант од пораз се спаси со гол постигнат на две минути до крајот на средбата. Обложувачот имал голема доза на среќа на дуелот меѓу Пиаст и Лех Познањ бидејќи гостите голот го постигнаа во третата минута од судиското продолжение.

ДВА ГОЛА ВО СУДИСКОТО ПРОДОЛЖЕНИЕ ВО ШВАЈЦАРИЈА ДОНЕСОА ЌАР ОД 100.000 ДЕНАРИ

Неделата беше одлична и за обложувач во скопската населба Ѓорче Петров кој со уплата од 100 денари си заработи 99.450 денари бруто-добивка. Тој одиграл 12 натпревари, на 11 одиграл дека ќе има три или повеќе голови, само еден на конечен тип, а квотите се движеа од 1,56 до 2,15.

Севилја со 2:1 ја совлада Алмерија и тоа е единствениот „кец“ на тикетот, додека на останатите натпревари, обложувачот чекаше да има голови. Немаше неизвености на дуелите Штурм – Австрија Виена (3:1), Хорсен – Копенхаген (1:4), Рома – Сасуоло (3:4), ЦСКА Москва – Самара (4:0), Фулам – Арсенал (0:3), Маритимо – Бенфика (0:3) како и на чилеанското дерби меѓу Универзитад Католика – Универзитад Еспањола кој заврши без победник (2:2).

Голот на Алмирон во 79-та минута му донесе победа на Њукасл над Вулфверхемптон од 2:1, но на последните три меча, обложувачот добро се „испоти“. Во Бундеслигата, Фрајбург со 2:1 го победи Хофенхајм, а голот вреден три бода го постигна Доан во 89-та минута.

Во швајцарската втора лига, Вадуз со идентичен резултат ја совлада Белинцона благодарение на голот на Сасере во последната минута од мечот.
Најнеизвесно беше на вториот меч од швајцарската втора лига меѓу Ксамакс и Ивердон кој заврши 1:2. Во првото полувреме немаше голови, а резултатот го отворија домаќините со гол во 64-та минута. Ивердон до трите бода кои му донесоа голема добивка на обложувачот, дојде во судиското продолжение. Прво во 91-та минута гостите израмнија, а во 94-та минута постигнаа уште еден гол со кој највеќе го израдуваа обложувачот од Ѓорче Петров.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести