На 75-годишна возраст почина американскиот екс атлетичар Дик Фосбери, кој беше олимписки првак во 1968 година во Мексико сити, а токму на тие Олимписки игри, Фосбери засекогаш ја смени оваа дисциплина.
Дотогаш сите скокаа преку пречката со нозете или стомакот напред, а Фосбери беше иноватор тогаш само тој „обратно“, прво со главата и грбот кон летвичката, што му донесе резултат. Од тогаш, сите почнаа да скокаат во тој стил и тоа трае до ден денешен, и тешко дека некогаш ќе се смени и ќе се најде подобар начин за скокање во височина.
Затоа Фосбери се смета за еден од највлијателните атлетичари на сите времиња.