Вавринка им дели лекции на помладите, Швајцарецот стигна до 550-тата победа во кариерата

Швајцарскиот тенисер Стен Вавринка се пласира во осминафиналето на Индијан Велс откако по голема борба го победи фаворизираниот Холгер Руне. Повеќе од два и пол часа траеше мечот кој на крајот му припадна на ветеранот Вавринка со 6:2, 6:7(5), 7:5.

Трократниот гренслем-првак како да влезе во „втора младост“ и успеа да го исфрли седмиот носител на турнирот и еден од најдобрите млади тенисери. Пред победата над Руне, Вавринка беше подобар и од Александар Вукиќ и Миомир Кецмановиќ.

За Вавринка ова беше 550-та победа во кариерата и тој е само седмиот активен тенисер кој стигнал до оваа бројка влегувајќи во друштво на Надал, Ѓоковиќ, Мареј, Гаске, Чилиќ и Вердаско.

Следниот предизвик за Вавринка ќе биде Јаник Синер, кој со 7:6, 6:4 беше подобар од Манарино. Швајцарецот е аутсајдер во овој меч, но така беше и на дуелот со Руне.

- Оглас -

Најнови вести