Специјалниот сингл на Sport Life наменет за натпреварот Порто – Интер, кој се игра вечерва од 21 часот во реванш од осминафиналето на Лигата на шампионите во фудбал, нуди широка лепеза на игри и опции за обложување кои може да ви го направат поинтересно следењето на мечот и да ви донесат финансиски бенефит.
За прв стрелец на мечот, фаворит е Лаутаро Мартинес од Интер со квота 2.80, а веднаш зад него со квоти 3.00 се Тони Мартинезс и Тареми од Порто, како и Лукаку и Џеко од Интер.
Првиот меч заврши со победа на италијанскиот тим од 1-0, стрелец беше Ромелу Лукаку во 86-тата минута.
Ако мислите дека и сега ќе победи Интер со гол на Лукаку во финишот, квотите за такво нешто се супер. Квотата за прв гол да падне по 80-тата минута е дури 15.0, а комбинацијата триумф на Нераѕурите и гол на Лукаку носи квота 6.00.
Одлични се квотите и за начин на прв гол. Ако верувате дека првиот гол нема да биде постигнат со нога, туку со глава или од прекин (пенал, слободен удар), можеби автогол, коефициентите се одлични.
Секако тука се и другите игри кои вклучуваат погодување на статистички бројки поврзани со корнери, картони, шутеви на гол или прв аут, аут, офсајд, кој ќе има почетен удар, итн.