Халанд е гол-машина, за три минути двапати ја тресеше мрежата на Лајпциг (Видео)

Ерлинг Халанд уште еднаш потврди дека е вистинска гол-машина и само за три минути му даде два гола на Лајпциг во реванш-натпреварот од осминафиналето во Лигата на шампионите.

Норвежанецот првиот го реализира во 21-та минута со пеналот кој Сити го доби откако Хенрикс играше со рака во сопствениот шеснаесетник.

Само три минути подоцна, Кевин де Бројне упати одличен шут, кој заврши во пречката, но на одбиената топка налета Халанд и погоди за 2:0.

 

- Оглас -

Најнови вести