Линекер: Уште пред неколку месеци се обложив дека тие ќе ја освојат Лигата на шампионите

Некогашниот голгетер (четврти стрелец во историјата на англиската репрезентација), Гери Линекер, кој сега работи за телевизијата Би-би-си, откри дека негов фаворит за освојување на Лигата на шампионите е Наполи.

„Уживам да го гледам Наполи. Играат многу возбудлив фудбал. Уште пред неколку месеци се обложив на нив дека ќе ја освојат Лигата на шампионите сезонава“, напиша Линекер на „Твитер“.

Доколку Линекер се обложил на Наполи на почетокот на сезоната, во случај на титула на Наполи би погодил огромна квота бидејќи тимот на Елиф Елмас не беше во првиот круг на фаворити.

- Оглас -

Најнови вести