Аргентинците се „луди“: Над два милиони барања за 63.000 билети

Новиот светски фудбалски првак Аргентина за една недела ќе го игра првиот меч како планетарен владетел. На 23 март, во Буенос Аирес на стадионот „Монументал“ Аргентина ќе игра пријателски меч против Панама.

Противникот воопшто не е атрактивен, но фактот дека ова ќе биде прв дуел на Гаучосите како светски шампиони беше причина за огромен интерес кај навивачите. Неверојатна била бројката од над два милиона побарувања за карти за овој пријателски меч, а на крајот, на трибините ќе бидат само најсреќните 63.361 навивач, колку што е капацитетот на „Монументал“.

Аргентина повеќе од 35 години чекаше за повторно да се израдува на светската титула, а кога спортските херои пристигнаа во Буенос Аирес, на прославата на улиците низ главниот град излегоа повеќе од четири милиони навивачи, што е рекорд на светско ниво.

Едноставно, фудбалот за Аргентинеците е повеќе од спорт.

 

- Оглас -

Најнови вести