Натпреварите на фудбалската репрезентација на Македонија во квалификациите за ЕП 2024 година, конечно се враќаат на програмите на националниот сервис, МТВ.
Македонската радио телевизија потврди дека ќе врши преноси од настапите на македонската репрезентација во квалификациите за ЕП 2024 кои започнуваат идниот четврток (23 март) кога на Националната арена „Тодор Проески“ ќе гостува Малта.
Изминатите неколку години, настапите во квалфикациите на фудбалерите се емитуваа на српскиот Спортклуб, но не и на МТВ. Но, откако правата за следните квалифациските циклуси за ЕП и СП ги откупи Аренаспорт, МТВ најде заеднички јазик и натпреварите на Македонија ќе се емитуваат на националниот сервис.
Македонија се наоѓа во групата Ц заедно со селекциите на Италија, Англија, Украина и Малта, која е првиот противник.