Фудбалерите на Рома по дуелот со Реал Сосиедад изгледаат како да биле во војна, а не како да играле фудбал (Фото)

Екипата на Рома со вчерашното реми во Сан Себастијан на реваншот против Реал Сосиедад, обезбеди пласман во четвртфиналето во Лигата на Европа, но фудбалерите на Римската волчица по натпреварот изгледаа како да биле во војна.

Играчите на Реал Сосиедад направија 21 прекршок на вчерашниот натпревар и не ги штедеа играчите на Рома. Најлошо поминаа Лоренцо Пелегрини, Андреа Белоти и Рик Карсдорп.

Пелегрини поради еден дуел заработи расекотина на главата која мораше да му биде „закрпена“ со 30 конци, додека на Белоти заработи скршеница на зглобот на раката. Карлсдорп пак доби удар во носот.

https://twitter.com/eddajesu/status/1636492565774991361?s=20

 

- Оглас -

Најнови вести