Пред големото финале во Мелбурн, Надал делеше комплименти за Ѓоковиќ

Новак Ѓоковиќ и Рафаел Надал се подготвени утре да одиграат уште едно незаборавно финале на Гренд слем турнирите. Надал има само една титула во Мелбурн и тоа во 2009 година, додека Србинот е доминантен и шест години го освојувал драгоцениот пехар наменет за најдбриот.

Пред утрешното финале, Ѓоковиќ е фаворит, а тоа го знае и самиот Надал. Шпанецот делеше само комплименти за Ѓоковиќ и најави голема борба, како што тоа беше во финалето пред седум години. Тогаш, мечот траеше речиси шест часа, а Ѓоковиќ победи со 3:2 во сетови.

„Можам да кажам дека секогаш сум уживал во мечевите против Ѓоковиќ и Федерер. Тие дуели ме натерале да бидам уште подобар играч. Ова ќе биде уште една интересна епизода. Без ривали за кои чувствувате дека во одредени моменти се подобри од вас, како што тоа за мене се Роџер, Новак и некогаш беше Енди, едноставно нема напредок. Кога имате такви противници, полесно е да сфатите на што треба да работите. Ние едноставо се туркавме меѓусебе, во сите овие години. Во текот на кариерата знаев да најдам решение за играта на Ѓоковиќ, но и тој знаеше да ме надмудри. Ова ќе биде тежок меч, како што и секогаш е против Новак. Ќе бидам многу мотивиран, бидејќи ќе играм против моментно најдобриот тенисер во свет“, рече Надал, пред утрешното финале.

Шпанецот ќе се обиде да стигне до 18 гренд слем трофеј и да с едоближи до рекордерот Федерер кој има 20 титули на најважните четири турнири. Ѓоковиќ ќе биде во обид да стигне до 15 гренд слем титула.

Мечот се игра утре наутро во 9:30 часот.

.

- Оглас -

Најнови вести