Во Баерн никако не можат да го пронајдат „кртот“ кој им ги открива тајните на медиумите

Тренерот на Баерн Минхен, Јулијан Нагелсман уште еднаш призна дека не успеал да го пронајде кртот во соблекувалната кој им ги открива тајните на медиумите.

Баерн Минхен успеа да го елиминира ПСЖ во осминафиналето од Лигата на шампионите, а пред неколку дена весникот „Билд“ објави оригинални документи со тактички замисли кои Нагелсман им ги дал на своите играчи за реваншот што се играше на „Алијанц арената“ во Минхен.

„Имаме крт во соблекувалната кој не е лесно да се пронајде и тоа многу ми пречи. Личноста која им ги даде документите на медиумите, му наштети на секој член на Баерн Минхен. Што сака тој човек? Не можам да сфатам какви се неговите мотиви, освен ако не сака да им помогне на противниците“, изјави Нагелсман на прес-конференцијата пред денешното бундеслигашко дерби против Баер Леверкузен.

- Оглас -

Најнови вести