Ќе биде разиграно на „Сан Сиро“

Милан – Наполи (20:30 часот)

Наполи може да биде првата жртва на новото засилување на Милан, Кжиштоф Пјонтек, од кого се очекува вечерва да дебитира во дресот на „росонерите“. Би било убаво Полјакот својата авантура во Милан да ја стартува со деби гол, веднаш да ги оправда потрошените средства за него.  Милан вечерва нема да се бори само за три бода, туку и против традиција. Триумф над Наполи чекаат повеќе од четири години, ова е вистински момент да го сторат тоа.

Предлог тип: 1-3I & 1-3II (2.10) – квота на денот

 

Борусија Дортмунд – Хановер (15:30 часот)

Играат моментално најдобриот тим во Германија против втората најслаба екипа, нема многу калкулации, Дортмунд ако сака да стане шампион мора да продолжи да победува во серија. Иако Фавр има мали проблеми со дефанзивната линија поради повреди, тоа не треба да ги спречи „милионерите“ во обидот да освојат три бода. Против Хановер го забележаа едно од трите ремија сезонава, на „ХДИ арена“ недостасуваа голови, но сега ќе биде сосема спротивно.

Предлог тип: Т12+ & ГГ (2.25) – квота на денот

 

Манчестер сити – Барнли (16 часот)

Сити треба да ја продолжи серијата победи во 2019 година. Во шест меча постигнаа 25 гола, избраниците на Пеп Гвардиола се мотивирани повеќе од било кога да освојат што повеќе трофеи сезонава. Едно финале во Лига Купот ги чека, сега на ред е да се доминира во ФА Купот. Барнли се нивни редовни пациенти, фудбалерите на Шон Дајч само еднаш во последните пет меча успеале да се изборат за реми, останатите средби се убедливи порази, а ниту денес нема да биде поразлично.

Предлог тип: 2+I & 4+ (2.35) – квота на денот

 

Валенсија – Вилјареал (20:45 часот)

„Жолтата подморница“ пред гостувањето на „Месталја“ има голема мотивација бидејќи против Валенсија често знае да издвои позитивен резултат. Вилјареал има три победи против „лилјаците“ на последните пет средби, додека првата овосезонска средба заврши без победник и без голови, не би требало исто сценарио да се случи и вечерва.

Предлог тип: 1X & 1-3 (1.97)

 

Дижон  – Монако (20 часот)

Монако вчера му врачи отказ на Анри, го врати Леонардо Жардим на клупата, но тоа не гарантира дека „кнезовите“ веднаш ќе тргнат со победи. Токму поради португалскиот стратег Монако се наоѓа во оваа позиција, од него тргнаа слабите резултати, а сега ќе мора да работи дено-ноќно да ја спаси екипата од пропаст.

Со Дижон се борат да останат во елитата, тие се 18-ти со 17 бода и предност од два бода во однос на Монако, па јасно е колку значат три бода и за двете екипи. Меѓутоа, шансите за Монако да ги освои сите три бода се минимални.

Предлог тип: 1-2I & 1-2II (2.70)

- Оглас -

Најнови вести