Дали е ова најава за крај на доминацијата: На Баерн Минхен ова му се нема случено 10 години

Баерн Минхен загуби од Баер Леверкузен со 2:1 во дербито на Бундеслигата. Тоа го искористи Борусија Дортмунд, која со три освоени бода против Келн се најде на чело на табелата по 25 кола.

Милионерите имаат 53 бода, еден повеќе од Баерн Минхен, но тоа е доволно да се први на табелата, и тоа за првпат по повеќе од четири години. Борусија Дортмунд нема завршено како лидер по комплетирано коло уште од второто коло во сезоната 2019/20.

Ако Борусија прекина една лоша низа, за Баерн заврши една убава серија. За првпат во последните 10 сезони најтрофејниот германски клуб не е прв на табелата по 25 одиграни кола. Токму таа сезона, кога Баерн не беше лидер во Бундеслигата, по 25 одиграни кола е последната година кога Баварците не станале и шампиони на крајот.

 

- Оглас -

Најнови вести