Првото мегадерби помеѓу Вардар и Еурофарм Пелистер во ракометната Суперлига ќе се одигра во недела, 26.03.2023 со почеток во 18 часот, информираа денес од РК Вардар.
Во моментов двете екипи се на врвот на суперлигашката табела со по максимални 15 поени од пет натпревари и според квалитетот овие две екипи, во меѓусебните дуели ќе решаваат кој ќе ја освои шампионската титула.
Од РК Вардар информираа дека во продажба се пуштени и билетите за овој натпревар, кои се по симболична цена од 150 и 200 денари.