Според информациите кои пристигнуваат од Англија, катарскиот шеик Јасим бин Хамад Ал Тани нема да се откаже од купување на Манчестер јунајтед.
Последниот состанок помеѓу преставниците на катарскиот шеик и семејството Глејзер траел дури 10 часа и поминал позитивно и за двете страни. Токму поради ова се очекува најдоцна до среда шеикот Ал Тани да испрати нова, побогата, понуда за купување на еден од најголемите не само англиски, туку и светски клубови.
Според проценката на семејството Глејзер, Манчестер јунајтед во моментов вреди најмалку 6 милјарди фунти.