Фудбалската репрезентација во комплетен состав ги продолжува подготовките за квалификацискиот натпревар против Малта и пријателскиот против Фарски Острови. Денес на репрезентацијата и се приклучија и двајцата играчи на Динамо Загреб, капитенот на репрезентацијата Стефан Ристовски и капитенот на Модрите од Загреб, Аријан Адеми.
Вистинска чест на двајцата капитени им направи претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини, кој ги пречека при нивното пристигнување во хотелот каде што е сместена нашата репрезентација.
Првиот квалификациски натпревар за пласман на Европското првенство 2024, Македонија ќе го одигра во четврток против Малта, со почеток во 20 часот и 45 минути.