Се намалуваат шансите за Лионел Меси да остане во Пари Сен Жермен и по крајот на сезонава, а во Барселона се запалија откако Серџи Роберто кажа дека го чекаат со раширени раце, но најдобриот светски фудбалер за 2022 година шокира со еден свој лајк на „Инстаграм“.
Меси многу ретко става допаѓања на ривалски клубови, но овојпат го стори тоа. Станува збор за објава на Баерн Минхен на која Џошуа Кимих прославува постигнување гол.
Баерн е клуб кој сезонава го елиминира ПСЖ од Лигата на шампионите, па потегот на Меси брзо стана вирален на социјалните мрежи. Меси веќе е во Аргентина, каде што се подготвува за пријателските мечеви на Гаучосите со Панама и Курасао.