Халанд се повреди и нема да игра за Норвешка против Шпанија

Течат последните подготови пред стартот на квалификациите за Европското првенство 2024 година, а репрезентацијата на Норвешка доживеа големо разочарување. Нивната најголема ѕвезда, Ерлинг Халанд, се повреди.

„Се надевавме дека Ерлинг ќе биде добро, но по последните направени лекарски контроли, стана јасно дека нема да може да биде подготвен за дуелите против Шпанија и Грузија“, стои во соопштението од Фудбалската федерација на Норвешка.

Според најавите, Халанд се пожалил на болки во препоните, и тоа веднаш по завршувањето на дуелот против Барнли во ФА купот, на кој Манчестер сити победи убедливо со 6:0, а Халанд постигна три гола.

Засега не е јасно колку е сериозна оваа повреда и дали Халанд ќе паузира за репрезентативните дуели на Норвешка или ќе биде надвор од теренот и во дресот на Манчестер сити.

- Оглас -

Најнови вести