Катанцаро по 17 сезони се врати во Серија Б, но нивните навивачи се број 1 во Италија

Италијанскиот третолигаш кој е формиран речиси пред еден век, односно во 1929 година, и кој во последните две децении трипати банкротира и повторно како феникс изникнуваше, по 17 сезони поминати во пониските лиги, обезбеди пласман во италијанската Серија Б.

Во 33-тото коло, Катанцаро на гостински терен го совлада анонимниот состав на Гелбисон со 2-0, но она што е најинтересно од овој дуел е гостувањето дури на 7.205 навивачи на Катанцаро во Салерно, каде што екипата на Гелбисон ги игра своите домашни натпревари. Воедно ова е најголема бројка на гостински навивачи во Италија оваа сезона, воопшто во сите лиги.

Како изгледаше „гостинската“ трибина во Салерно:

https://twitter.com/USCatanzaro1929/status/1637836104853340162?s=20

Катанцаро на пет кола пред крајот и теоретски го обезбеди пласманот во Серија Б по 17 сезони. Клуб од регионот Калабрија во својата историја има настапувано во најквалитетната Серија А во 7 сезони, но последен пат во сега веќе далечната 1982-83 сезона.

- Оглас -

Најнови вести