Најпознатиот фудбалер од Того, Емануел Адебајор, на 40 години стави крај на фудбаската кариера.
Адебајор во професионалната кариера настапуваше дури за 11 екипи. Првите официјални натпревари ги одигра за францускиот Мец, а кариерата ја продолжи во Монако. Следуваше преселба во Англија, во екипата на Арсенал, а на Островот настапуваше и за Манчестер сити, Тотенхем и Кристал палас. Во меѓувреме имаше и авантура во Реал Мадрид.
По заминувањето од Англија, настапуваше во турските Истанбул Башакшехир и Кајсериспор. Последните настапи ги имаше во Олимпија од Парагвај и во тогоанскиот Семаси.
Емануел Адебајор за репрезентацијата на Того настапи на 85 натпревари, а најголемиот успех го имаше со пласманот на Светсокто првенство во 2006 година.